Уставниот суд домаќин на Регионална конференција на која ќе се промовира уставната жалба

Сподели

 

Уставниот суд е домаќин на Регионална конференција на која ќе се дискутира за промовирање на уставната жалба како најзначајно средство за заштита на основните права во  РС Македонија.

Конференцијата се одржува со поддршка од германската фондација ИРЗ чии претставници ќе ја објават студијата за уставна жалба, којашто е изработена од експерти од Германија.

Меѓу гостите присутни се претседатели и судии од уставните судии од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и професори/поранешни судии од германски судови.

На отворањето во текот на утрешниот ден, покрај претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, ќе се обратат и претседателот на државата Стево Пендаровски, министерот за правда Кренар Лога и H.Е. г-ѓа Петра Дрекслер амбасадорка на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија.