ПРВИТЕ. ЖЕНИТЕ МЕЃУ МАЖИТЕ истражувачки проект и групна изложба во МСУ

Сподели:

ПРВИТЕ. ЖЕНИТЕ МЕЃУ МАЖИТЕ, истражувачки проект и групна изложба, на 10 ноември, во НУ Музеј на современата уметност – Скопје

Кураторка: Ивана Васева

Уметнички: Олга Бенсон, Марица Антонова Попстефаниева, Зора Петровиќ, Марија Малахова, Катја Ефтимова, Кераца Висулчева, Лена Стефанова, Љубица Сокиќ, Василка Христова, Нада Корда Сима, Вида Јоциќ, Марија Данова, Борка Аврамова, Загорка Зага Малинковска, Мена Спировска – Менче, Рада Петрова Малкиќ, Љубица Накова Донска, Јелена Патрногиќ, Љубица Андреевска – Љупка, Персида Перчуклиевска, Лилјана Ѓузелова, Лепа Хаџи Димова, Илинка Глигорова Суза, Искра Грабул, Мира Апостолска, Ружица Јосифовска, Драгица Јанева, Мирослава Спировска Мира, Јелена Ристеска, Елена Дончева Танчева, Ана Темкова, Зорица Тодорова Младеновиќ, Анета Светиева, Македонка Андонова, Лиљана Блажевска, Евгенија Демниевска, Даница Марковска, Нада Накова, Виолета Чауле Гранка, Марија Туша – Иљовска, Олга Милиќ, Тонкица Митровска, Сунчица Божиновска, Лидија Саздовска.

Соработници: Благоја Варошанец, Ива Димовски, Владимир Јанчевски
Конзерватор: Љупчо Иљовски
Изложбен дизајн: Јован Ивановски во соработка со Ивана Васева
Дизајн – соработничка: Илиана Петрушевска
Историски контекст: Ивана Хаџиевска
Техничка изведба на изложбен дизајн: студенти од III година студиска програма сликарство и трансмедиумски практики по предметите Применети сликарски техники и практики и Сликарство и трансмедиумски истражувања на Факултетот за ликовни уметности – Скопје (Емилија Атанасовска, Даниела Дамјаноска, Ивана Денчевска, Михаела Димитровска, Бојана Ѓоршевска, Јована Кирјаковска, Ива Лабоска, Анастасија Недељковска, Бојана Николова, Ана Ристеска, Ема Талеска, Јована Трајкова)

Изложбата е составена од дела од колекцијата на МСУ – Скопје, како и од позајмени дела во соработка со други институции во земјава и приватни лица.

ПРВИТЕ. ЖЕНИТЕ МЕЃУ МАЖИТЕ е прва истражувачка изложба од овој вид во институцијата. Покрај делата и документацијата, специјално се истражени и претставени вмрежувањето, формите на организација и политичко делување на жените од првата половина на XX век, како и перспективите и (не)можноста за реконструкција на историјата на жените во македонското минато, преку авторско истражување и текст на историчарката Ивана Хаџиевска, што на некој начин ја претставува и политичката позадина која служи како вид охрабрување и поддршка за појавата на жените уметнички. Исто така, во соработка со архитектот Јован Ивановски, изработен е специјален изложбен дизајн кој, преку некоја ризоматска форма, би требало да ја прикаже силата на женскиот гест, дисперзираната, но пробивна и решителна појава на жените уметнички, начините на соработка, размислување и организација, како и важноста од испишувањето на нивното присуство.

Изложбата е дел од годишната програма на Музејот на современата уметност, поддржана од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, и ќе трае до 21.03.2027 година.

Сподели: