Утре пад на температурите и локални врнежи од дожд

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Утре претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со утринска магла по одделни котлини. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен, а попладне долж Повардарието од северозападен правец.

Температурата ќе се движи од 0 до 20 степени.

 

 

 

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со слаба магла. Попладне и во вечерните часови ќе има повремен дожд, а ќе дува умерен до засилен северен ветер.