Утре посебен сообраќаен режим поради симулациска вежба „Хуманитарен одговор 2023“

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека поради симулациска вежба во итна ситуација–земјотрес насловена како „Хуманитарен одговор 2023“, во организација на Црвен Крст на РСМ и под покровителство на Претседателот на државата во Градски парк Скопје, на 18.10.2023 (среда), во периодот од 9 до 14 часот, ќе бидат затворени за сообраќај бул.„Илинден“ од крстосница со бул. „Св. Климент Охридски“ до крстосница со ул.„Франклин Рузвелт“ и од крстосница со ул.„Бледски договор“ до крстосница со ул.„Никола Тесла“, ул.„Наум Наумовски Борче“, во продолжение ул.„Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ до крстосница со ул.„Ленинова“ (ул.„Аминта 3-ти)“, ул.„Ристо Шишков“ од крстосница со ул.„Наум Наумовски Борче“ до крстосница со ул.„Ленинова“, сообраќајниците околу градски стадион Тодор Проески и бул.„8-ми Септември“ од крстосница с

Од тие причини Единица за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.