Иванов ја поништи аболицијата на 22 политичари, другите треба сами да побараат

Сподели

13318774_10206658612280323_658858472_n

Претседателот, Ѓорге Иванов ги поништи помилувањата за политичарите, односно за 22 лица од вкупно 56, колку што беа аболирани на 12 април. Другите, кои не се опфатени со денешната одлука, рече Иванов, имаат можност да поднесат лични барања за повлекување на помилувањето.

– Денес донесов одлука за поништување на одлуките за помилување за сите политички експонирани лица или вкупно 22. Сите други имаат можност да поднесат лични барања за поништување на одлуките – рече Иванов на денешното обраќање.

Тој, пред да ја соопшти одлуката, рече дека неговата одлука од 12 април, многумина не ја разбрале или не сакале да ја разберат и дека, според него, таа била единствениот начин за излез до длабоката политичка криза.

– Бев обвинуван дека сум сакал да ги заштитам политичарите. Најсовесно изјавувам дека не сум имал таква намера. Ниту еден политичар не е над законот и не е недопирлив. Одлуката за помилување беше најдобрата можност за излегување од политичката кризa. Без помирување оваа криза ќе трае уште долго, што не е во интерес на граѓаните и на државата – рече Иванов.

Целото обраќање на претседателот Ѓорге Иванов можете да го прочитате на овој линк.

извор: meta.mk

Иванов ја поништи аболицијата на 22 политичари, другите треба сами да побараат