Вести Македонија Ударни вести

Утре Советот за безбедност ќе одржи седница во Кабинетот на Претседателот

Сподели:

 

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре, 29 октомври 2020 година, со почеток во 11:00 часот, во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе одржи седница. 

„На седницата, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство, Венко Филипче. На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции“, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет, информираат од претседателскиот кабинет. 

По завршувањето на седницата на Советот за безбедност, претседателот Стево Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.

Сподели: