Утре, на 26 август, во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува претседателот на Владата на Република Косово, г-дин Албин Курти.
Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на град Скопје, информираат.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат полициските службеници.


