7 дена Македонија

7 ДЕНА

Сподели:

*СЕРИОЗНА ЗАГРИЖЕНОСТ НА ЕУ

Холандскиот министер за надворешни работи Берт Коендерс испрати писмо до сите претседатели на политичките партии што го потпишаа Договорот во Пржино, во кое се изразува сериозна загриженост на Советот на Европската Унија за политичката криза и се бараат итни конкретни чекори и решенија за нејзино надминување.

Министерот порача дека “без натамошно одлагање” мора да се исполнат минимум критериумите за кредибилни избори, кои сега не се исполнети: прочистен избирачки список, медиумски реформи и одвојување на државата од партијата. Воедно, тој побара итно да се повлече одлуката за помилување од страна на претседателот Ѓорѓe Иванов, бидејќи е спротивна на принципите на владеење на правото како и непречено делување на Специјалното Јавно Обвинителство.

Сподели: