Утрово запален автомобилот на Артан Груби

Сподели

 

Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на Артан Груби.

„Денеска (22.07.2023) во СВР Скопје е пријавено дека околу 03.30 часот на ул.”Струмичка” настанал пожар во патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост и паркирано од Б.Л.(35) од Скопје. Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа на СВР Скопје“, велат од МВР.