Вархеји ќе го претстави пакетот за проширување за земјите од Западен Балкан

Сподели

 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, денеска пред европратениците ќе го претстави Пакетот за проширување 2020 и Економско инвестицискиот план за Западен Балкан, соопшти Европскиот парламент.

Покрај согледувањето на ситуацијата во земјите кандидатки и потенцијалните кандидати од Пакетот за проширување, Вархеји ќе го претстави и планот кој треба да стимулира долгорочно закрепнување, да го поттикне економскиот раст и да поддржи реформи на Западен Балкан по кризата со коронавирусот, неведува ЕП.

Пакетот вклучува Комуникација за проширување, која го трасира патот напред за земјите кои тежнеат кон членство во ЕУ, а содржи извештаи во кои Комисијата претставува детална проценка за напредокот на секој кандидат и потенцијален кандидат во исполнување на критериумите за членство.

МИА