Вархеји: КОВАКС почнува да праќа вакцини во регионот

Сподели

 

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во обраќањето на Европскиот економски и социјален комитет повтори дека Европската комисија останува посветена на Западен Балкан и во време на пандемијата, истакнувајќи ја ангажираноста околу обезбедување вакцини за регионот што е можно поскоро, пишува порталот 360 степени.

Иако призна дека ова се покажува потешко отколку што се надевале, сепак изрази заадоволство од Ковакс-механизмот, кој ги доставува првите дози вакцини за регионот. При тоа, Вархеји, ги спомена Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора како земји каде од денеска па во следниот период ќе стигнат вакцини преку овој механизам, но не и нашата земја и Косово.

-Како што знаете, нашиот сегашен фокус е да обезбедиме вакцини во регионот што е можно поскоро. Ова се покажува потешко отколку што се надевавме, но јас сум многу задоволен што механизмот COVAX, во кој ЕУ е меѓу најголемите соработници, сега ги доставува првите дози на вакцини на Западен Балкан. Денес Албанија прими 38.400 вакцини, додека Босна и Херцеговина е подготвена да ја добие својата прва серија во четврток, а следната недела Црна Гора ќе ја добие и својата прва серија“, изјави Вархеји во ЕП. КОВАКС пред една недела ги демантираше шпекулациите дека Македонија нема да добие вакцини од нив како што е најавено, потенцирајќи дека земјата е на списокот за првата половина на април, а не за идната недела. 

„Покрај објектот COVAX, ние исто така продолжуваме да работиме со земјите-членки на ЕУ и производителите на вакцини за ре-продажба на дози на вакцини на Западен Балкан. За оваа намена ставивме на располагање 70 милиони евра“, најави Вархеји и покрај одлуката вчера за контрола на извозот на вакцини од страна на ЕУ што ја збуни јавноста во земјата.