Вчера, на 28 октомври, во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 30 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта.
Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е дека се работи за лажни пријави, информираат од Министерството за внатрешни работи.
извор/фото МВР


