Вечната дилема, кој е подобар Роналдо или Меси – На ова одговори славниот стопер на Челзи!

Сподели

Вечната дилема, кој е подобар, Кристијано Роналдо или Лионел Меси, ги дели навивачите ширум светот.

Двајцата, веројатно најдобрите светски фудбалери од крајот на 20 и почетокот на 21 век, ги дели навивачите, но и фудбалерите по ова прашање.

Последен во низата што проговори е репрезентативецот на Бразил и стоперот на Челзи, Тиаго Силва.

силва

Против двајцата имаше можност да игра во текот на кариерата, а последен пат против Роналдо играше во неделата, па логично е прашањето да се споредат.

“Разликата помеѓу Меси и Роналдо? Хм, Меси е невозможно да се запре кога оди еден на еден или еден на два. Со Роналдо не велам дека е лесно, но еден играч е доволен за да го задржи и да го спречи.” рече Силва, додавајќи:

”И двајцата се неверојатни играчи и шампиони, но потешко е да се чува и да се запре Меси отколку Роналдо“.

The post Вечната дилема, кој е подобар Роналдо или Меси – На ова одговори славниот стопер на Челзи! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico