ВЕЉАНОВСКИ: ВМРО ДПМНЕ бара увид во договорот со Бугарија

Сподели

Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски денеска изјави дека ВМРО-ДПМНЕ бара увид во тоа што премиерот Зоран Заев го договорил при посетата на Софија, Бугарија.

„Дали изјавите на Зоран Заев околу заедничката историја значат дека македонскиот народ во минатото немал своја посебна? Дали е Заев свесен колку се опасни овие тези?“ изјави на денешната прес- конференција Трајко Вељаноски.

Според него темите кои задираат во идентитетот на македонскиот народ не се и не смее да бидат ексклузивен интерес ниту на Зоран Заев, ниту на СДСМ.

Тој предупредува дека „етногенезата на македонскиот народ е посебна и оти затоа е исклучително опасно да се говори за ‘заедничка историја’“. Вељановски наведе дека прашањето за заедничката историја секогаш било една од најголемите пречки при постигнување на договорот со соседна Бугарија .Третото покрупно прашање, според него, е прашањето на јазиците на кои би се потпишал договорот.