Вести Македонија

Величковски, Бузлиев, Марковски, Јованова и Мицковски, носители на листи на ЛП

ivon-lp-860x662

Либералната партија на синоќешната седница на централниот комитет ги усвои кандидатските листи за претстојните предвремени парламентарни избори.

Претседателот Ивон Величковски ќе биде носител на кандидатската листа во првата изборна единица, потпретседателот Кире Бузлиев во втората, Даница Јованова во четвртата, Данчо Марковски во третата и Кице Мицковски во петтата единица. Извршниот комитет е овластен да ги утврди евентуалните листи на кандидати за изборните единици 6 и 7.

Претседателот на партијата, Ивон Величковски, истакна дека ова е прва самостојна кандидатска листа на ЛП по 22 години.

– Сега секој што ќе ја поддржи либералната платформа, поддржува јасна платформа на граѓански блок во кој поддршката ја дава лично и несебично, на основа на антипопулизам, реализам и на одржливост. На основа на она што го гледа и го чувствува, без поткуп, закана или притисок. Затоа што така сака. И затоа што ќе ја брани слободата на свој избор. Нема поголема филозофија од реалното соопштување на состојбите, од реалните мерки во согласност со можностите и од отвореното соочување со проблемите. Заборавете на очекувањата што некои ги имаат за „широки“ коалиции со ВМРО-ДПМНЕ, ние за тоа не се бориме – рече Величковски.

Сподели: