Вести Македонија Ударни вести

ДКСК со прекршочна против министерот за економија Бектеши

Сподели:

ДКСК ќе поведе прекршочна постапка против министерот за економија Крешник Бектеши, бидејќи не пријавил дека неговата сестра Влора Бектеши сега вработена во МЕПСО, живее на иста адреса со него и не ја испочитувал обврската да ја извести комисијата за вработување на член од семејството во државниот сектор.

Според Антикорупциска, сестрата на министерот Бектеши ја добила работата во МЕПСО од 73 кандидати. Бектеши тврдеше дека не живее заедно со сестра му, но Антикорупциска утврдила во пријавата на неговата сестра на огласот дека како место на живеење стои истата адреса на која живее министерот.

Сподели: