Велосипедските и пешачките патеки на градските булевари и улици се чисти и проодни

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие екипите на ЈП „Улици и патишта“ интензивно работеа на расчистување од снегот, на велосипедските и пешачките патеки на градските улици и булевари, за да овозможат непречено движење на пешаците и велосипедистите.

 

 

Екипите на терен ги чистеа патеките на булеварите Февруарски поход, Трета македонска бригада, Видое Смилевски Бато, Борис Трајковски, Митрополит Теодосиј Гологанов и 8-ми Септември.

 

Од зимската служба на Град Скопје будно информираат дека се следи состојбата од сите пунктови и во координација со дежурните лица, и дека на терен се интервенира според потребите.