Вести Музика и Филм Свет

Музичкиот директор на Бољшој театар, Туган Сокиев поднесе оставка

Сподели:

 

Музичкиот директор и главен диригент на Бољшој театарот, Туган Сокиев, ја објави својата оставка, велејќи дека се чувствува под притисок поради повиците да заземе став за војната во Украина.

 

 

Сокиев изјави дека поднесува оставка „со моментален ефект“ од неговата функција во московскиот театар, како и од неговата еквивалентна позиција во францускиот оркестар во Тулуз.

 

 

 

Тој изјави дека одлучил да поднесе оставка откако „беше принуден да се соочи со невозможната опција за избор меѓу моите сакани руски и сакани француски музичари“.

“Никогаш не сум поддржувал и секогаш ќе бидам против какви било конфликти во каква било облик и форма. Музичарите стануваат „жртви на таканаречената ‘култура на откажување’“ и посочи дека руската музика може да биде под закана.

Наскоро од мене ќе биде побарано да изберам помеѓу Чајковски, Стравински, Шостакович и Бетовен, Брамс, Дебиси, предупреди тој.

 

Сподели: