Вибер-група „Де факто: само проверени содржини“ за точно информирање на граѓаните

Сподели

 

Во време кога на социјалните мрежи се повеќе се шират дезинформации, Фондацијата Метаморфозис ја започна отворената Вибер група „Де факто: само проверени содржини“ наменета за граѓаните.

Целта е да се подобри информираноста со точни, проверени и веродостојни информации на теми кои се од интерес и важност за секојдневниот живот на граѓаните. Во оваа Вибер група ќе се објавуваат проверени информации за состојбите со ковид-19, животна средина, пописот, ЕУ интеграциите и сè она што е актуелно во секојдневието на граѓаните.

Со еден клик на линкот секој ќе може да добие информации за теми во кои за одредени прашања ќе бидат консултирани и експерти од соодветните области, со цел да се избегнат дезинформации и медиумски манипулации на јавноста.