(ВИДЕО) Барселона одново шокирана и на Ноу Камп од Рајо – Брилираше на голот нашиот Димитриевски!

Сподели

Фудбалерите на Рајо Ваљекано по вторпат ја победија Барселона овојпат на гостински терен со 1:0 во преостанатиот натпревар од 21. коло на шпанската Ла Лига.

фото: EPA/Alejandro Garcia

Стрелец на единствениот гол беше Алваро Гарсија во седмата минута. Ваљекано можеше да го удвои водството во 10. минута од продолжението, но Пејт Сис ја погоди стативата.

Барса на својот стадион го претрпе третиот пораз во последните 10 дена.

Рајо ја оствари втората последователна победа, вкупно 11-та во првенството и го зазема 11-тото место на табелата со 40 бодови. Ова е прв пат во историјата на клубот да ја победи Барселона и дома и на гости.

Барселона има шест порази и е втора на табелата со 63 бодови, исто колку и третопласираната Севиља. Атлетико Мадрид е четврти со 61 бод.

Прв на табелата е Реал Мадрид со 78 бодови.

The post (ВИДЕО) Барселона одново шокирана и на Ноу Камп од Рајо – Брилираше на голот нашиот Димитриевски! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico