(ВИДЕО) Баш му е гајле што Лејкерс не е во плејоф – Сите во шок, никој не верува дека Леброн го прати ова!

Сподели

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс ја следи женската Евролига.

Леброн го следеше фајнл-фор натпреварот помеѓу Прага УСЦ и Фенербахче. Турскиот тим дојде до победа и се пласираше во финалето на елитното натпреварување.

Кајла Мекбрајд со тројка направи пресврт на мечот и го воодушеви Леброн кој се огласи на Твитер и ја коментираше одличната партија на Мекбрајд.

Фенербахче надополни -12 и во финалето ќе игра против Сопрон.

Инаку Леброн Џејмс не успеа оваа сезона со дрим тимот на Лејкерс да избори место во плејофот откако завршија на 11-тата позиција во Западната конференција со моментален скор од 32-49.

Им остана уште последниот натпревар со Никола Јокиќ и Денвер Нагетс кој се игра утревечер.

 

The post (ВИДЕО) Баш му е гајле што Лејкерс не е во плејоф – Сите во шок, никој не верува дека Леброн го прати ова! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico