Спорт

Видео: Деби на Мик Шумахер во Формула 1, Верстапен најбрз на првиот тренинг, проблеми за Мерцедес!

Сподели:

Претстојниот викенд започнува новата 2021 сезона во Формула 1 шампионатот.

Сезоната започнува со трката за големата награда на Бахреин, каде денеска се возеа првите официјални тренинг сесии. 

Најдобар и најбрз беше пилотот на Ред Бул, Макс Верстапен, кој имаше најдобри времиња и во првиот и во вториот тренинг, оставајќи ја конкуренцијата зад себе.

Одличен беше пилотот на Мекларен Ландо Норис, кој првиот тренинг го заврши на третото, а вториот на втората позиција во класификацијата.

Болидите на Мерцедес, Хамилтон и Ботас во двата наврати беа во топ пет, а Карлос Саинц и Леклер од Ферари покажаа во Ферари добро се работело за време на паузата.

Сепак во центарот на вниманието беа Фернандо Алонсо кој се врати во Ф1, Себастијан Фетел кој го промени тимот, како и деби настапот на Мик Шумахер кој со својот некомпетитивен Хаас беше на дното во двете сесии.

The post Видео: Деби на Мик Шумахер во Формула 1, Верстапен најбрз на првиот тренинг, проблеми за Мерцедес! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: