(ВИДЕО) Ден на сензации на Евробаскетот 2022 – По цели 7 години падна непоразената Словенија на ЕП!

Сподели

Сензациите во ова 3.коло на Евробаскетот 2022 се нижеа како на филмска лента.

фото: FIBA Basketball

Најпрво Германија по продолжение ја победи Литванија со 109-107, а можеби најголемата сензација ја приреди селекцијата на Босна и Херцеговина откако ја победи Словенија со 97:93 во натпреварот од 3.коло.

Фантастичниот Џенан Муса беше нерешлива енигма за бранителот на титулата во Европа, од друга страна Лука Дончиќ не одигра на своето ниво.

Со оваа победа БиХ стигна до скор како Словенија, две победи и еден пораз.

Дончиќ постигна 16 поени, но со многу лош удар 8 од 18 од поле. На другата страна блескаа Робертсон со 23 и Муса со 22 поени.

За потсетување, ова е прв пораз на Словенија на ЕП по 2015 година.

Еве како Босна ја надигра Словенија ….. 

До крајот на денот и селекцијата на Грузија во продолжение ја победи Турција со 88-83, а Белгија го победи големиот фаворит Шпанија со убедливи 83-73.

The post (ВИДЕО) Ден на сензации на Евробаскетот 2022 – По цели 7 години падна непоразената Словенија на ЕП! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico