(ВИДЕО) Две водителки флертуваа со Роналдињо за време на интервјуто – Бразилецот го прифати тоа!

Сподели

Роналдињо е еден од момците кој беше магионичар со топка, а важеше и за голем женкар. Тој освојуваше со неговата препознатлива насмевка, но и со магијата во нозете.

Во зенитот на кариерата играше за Барселона, а потоа откри дека покрај фудбалот сака и ноќен живот.

По зенитот во Барселона се пресели во Милан, а го следеше и неговата репутација на „ноќна птица“.

По тренингот, срамежливиот Роналдо де Асис Мореира направи интервју со две водителки кои мислеа дека ќе го збунат магионичарот, флертувајќи со него:

,,Треба да знам, повеќе сакаш бели или латино девојки?

,,Нема проблем за мене, би се снашол со двете.

,,Дали сега ИМАШ девојка?

,,Не, јас сум слободен.

Дека неговиот момчешки шарм сè уште функционира покажува и неодамнешното видео на кое Роналдињо како рок ѕвезда се потпишува на градите на своите обожавателки.

Во последно време се шпекулира дека Роналдињо ќе влезе во брак со две жени истовремето, откако тројката живее во хармонија веќе од месец декември минатата година.

Останува да видиме дали конечно славниот легендарен бразилски фудбалер ќе го видиме во брачните води.

Кариерата ја заврши во 2018 година на 38 годишна возраст.

The post (ВИДЕО) Две водителки флертуваа со Роналдињо за време на интервјуто – Бразилецот го прифати тоа! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico