(ВИДЕО) Го имаме негативецот на денот – Го понижуваше ривалот, а 5 секунди подоцна доби црвен картон!

Сподели

Бетис игра одлично оваа сезона и не случајно избраниците на Мануел Пелегрини се борат за место кое води во Лигата на шампионите, а ги освоија новите три бода со кои ја прескокнаа Барселона против Билбао.

фото: TWITTER/ZEMALGOAT16/PRINTSCREEN

Стрелец на единствениот гол на натпреварот за победа од 1-0 беше Борха Иглесијас, но тој потег не го одбележа натпреварот …

Алжирскиот напаѓач Набил Фекир се најде на насловните страници во светските медиуми поради потегот од 79. минута и со него не успеа практично да направи никаква предност на теренот.

Ниту постигна гол, ниту асистираше, но направи доволно за да ги изнервира противничките играчи.

Бетис беше во долг напад, а Фекир ја доби топката дијагонално од левата страна и почна да жонглира, што не е во склад со правилата на фудбалскиот фер-плеј.

Не успеа да стори ништо со тоа, но ги налути фудбалерите на Билбао кои во рок од десет секунди грубо го фаулираа, а потоа почнаа да му објаснуваат поради претходниот потег.

Тогаш Фекир збесна поради грубиот удар на Муниаин и со удар во противничките нозе доби црвен картон, а Де Маркос и Сансет „пожолтеа“.

Погледнете го и видеото…… ТУКА

 

 

The post (ВИДЕО) Го имаме негативецот на денот – Го понижуваше ривалот, а 5 секунди подоцна доби црвен картон! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico