Спорт

(ВИДЕО) Го викаат Трансформерс стадион – Погледнете како ќе изгледа новиот ,,Бернабе,,

Сподели:

САНТИЈАГО БЕРНАБЕ, еден од најпознатите стадиони во светот, беше отворен пред точно 74 години. Домот на Реал, претрпе две големи реновирања – во 1982 и 2001 година.

фото: Youtube/El Mundo

Моментално го минува третото, а ќе биде најспектакуларното досега.

Кралскиот клуб објави видео кое покажува зошто некои новиот Бернабе го нарекуваат стадион „Трансформер“.

Покрај подвижниот покрив ќе има и подвижни тревни подови кои ќе се прилагодуваат на потребите. Имено, на новиот Бернабе нема да се игра само фудбал.

Веќе се планира домот на Реал да се претвори во голем тениски стадион, како и сала за кошарка, со монтажни трибини, а на големата трева најверојатно ќе се игра и натпревар во американски фудбал.

Работите треба да завршат во летото 2023 година, а реновирањето ќе чини околу 530 милиони евра.

Досега требаше да биде готово, но неговиот почеток беше одложен и напредокот беше забавен поради пандемијата на коронавирус.

Откако ќе биде завршен, тој треба да биде најмодерниот стадион во Европа, истакнува Флорентино Перез, претседателот на клубот.

The post (ВИДЕО) Го викаат Трансформерс стадион – Погледнете како ќе изгледа новиот ,,Бернабе,, appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: