(ВИДЕО) Гол во ракометот каков не сте виделе досега – Погоди од корнер и го заледи голманот!

Сподели

Бевме убедени дека ракометот е веројатно еден од најатрактивните спортови за време на Светското првенство кое се одржа во јануари, а на кое Данска повторно ја освои титулата, а тоа се потврдува речиси секоја недела на клупски план и често оди „под лупа “.

фото: TWITTER/EHFEL_OFFICIAL/SCREENSHOT

Така беше постигнат еден од најубавите голови во целата сезона на натпреварот од Европската лига на ЕХФ, пандан на Европската лига во ракометниот свет!

Не се гледа често да се постигне гол директно од корнер, но тоа му успеа на исландскиот ракометар Один Тор Рикардсон, па неговата мајсторија беше избрана и за најдобра во претходното коло.

Рикардсон се докажа на мечот на неговиот Кадетен Шафхаузен кога целосно го надмудри голманот на Бенфика.

Од „мртов агол“ испрати перфектна топка која заврши во мрежата на Португалецот, а се покажа дека и тој гол е многу важен.

Швајцарскиот тим на крајот победи со 28:27, а Исланѓанецот беше најдобар стрелец на тимот со осум гола.

Погледнете ги најдобрите голови од 9. коло:

The post (ВИДЕО) Гол во ракометот каков не сте виделе досега – Погоди од корнер и го заледи голманот! first appeared on .

Powered by WPeMatico