Спорт

(ВИДЕО) Голем скандал во Колумбија – Погледнете го наместениот натпревар на годината!

Сподели:

Ретко може да прочитате нешто за колумбискиот фудбал во локалните медиуми, но она што се случи во тогашната Примера Б, предизвика големо внимание ширум светот.

фото: youtube/printscreen

Станува збор за натпреварот помеѓу Ланерос и Унион Магдалена, кој заврши со победа на гостите од 2:1, но начинот на кој Унион дојде до оваа победа вредна за пласман во плеј-офот за пласман во елитниот ранг на натпреварувањето е причина за таквото  големо внимание на јавноста за овој дуел.

Ланерос поведе во 81. минута со голот на Ечевери, а пресвртот следеше во петтата и шестата минута од продолжението.

Најпрво израмни Гонзалес, а потоа Сегура го постигна победничкиот гол, со најблаго кажано чудни реакции од одбраната на противничката екипа.

Тој гол е приложен, па ќе биде интересно да се види дали по сето ова овој меч ќе има „трето полувреме“ на зелената маса …

The post (ВИДЕО) Голем скандал во Колумбија – Погледнете го наместениот натпревар на годината! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: