(ВИДЕО) Голем скандал во Лига Европа – Навивач излезе на терен и со тупаници го нападна голманот!

Сподели

Голем инцидент се случи на мечот од осминафиналето од Лигата на Европа помеѓу ПСВ и Севиља.

фото: ANP / ddp USA / Profimedia

Српскиот репрезентативец Марко Дмитровиќ инаку голамнот на Севиља беше нападнат од навивач во Ајндховен!

Инцидентот се случи во 92. минута, а натпреварот потоа беше прекинат, бидејќи лудиот навивач со тупаница го удри Дмитровиќ, кој не му должеше и жестоко му возврати!

Српскиот голман брзо го совлада навивачот и го собори на земја, а чекаше да дојдат стјуардите и да го изнесат од теренот.

фото: ANP / ddp USA / Profimedia

Дмитровиќ наводно му рекол на судијата дека се е во ред и дека може да го продолжи натпреварот.

Натпреварот го доби ПСВ со 2:0, но сепак беше елиминиран, бидејќи Севиља славеше во првиот меч со 3:0.

Погледнете што се случи….

The post (ВИДЕО) Голем скандал во Лига Европа – Навивач излезе на терен и со тупаници го нападна голманот! first appeared on .

Powered by WPeMatico