ВИДЕО: ГОТОВО гласањето заврши – Оваа НБА династија е најдобрата во историјата!

Сподели

Тоа е тоа, гласањето заврши. Најдобрата НБА династија на сите времиња се Чикаго Булс!

На првото место во гласањето со дури 46% од вкупните гласови се најде тимот кој ја возеше најсилната лига на светот од 1995 до 1998 година.

Стартната петорка ја сочинуваа: Рон Харпер, Мајкл Џордан, Скоти Пипен, Тони Кукоч и Денис Родман. Тие освоија три последователни титули.

Гласовите на навивачите сочинуваат 50% од конечните резултати, а панелот за останатите 50%.

Зад нив се Бостон Селтикс со 24% (тимот од 1969 до 1976 година), Голден Стејт Вориорс со 15 (од 2015 до 2018 година), Лос Анџелес Лејкерс со 12% (од 1979 до 1989 година) и на крајот уште еден тим на Селтикс со 3% (од 1980 до 1987 година).

НБА 75 Евро Vote им оддава почит на сегашните и поранешните европски играчи кои инспирираа генерации на љубители на кошарката ширум континентот.

Дирк Новицки е фаворит за една од наградите, а останува да се гласа во уште неколку категории.

Преостанатото гласање ќе се изврши за најдобриот НБА дрес на сите времиња (14-20 декември 2021 година), најдобриот европски НБА момент (28 февруари – 7 март 2022 година) и најдобриот прв и втор европски НБА тим на сите времиња ( 28 март – 10 април 2022 година).

Навивачите можат да гласаат на NBA.com/Eurovote.

The post ВИДЕО: ГОТОВО гласањето заврши – Оваа НБА династија е најдобрата во историјата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico