Спорт

ВИДЕО: ХАОС на стадионот на Сент Етјен – Погледнете што направија хулиганите!

Сподели:

Навивачите на домашната екипа фрлаа димни бомби на средината од теренот пред стартот на мечот.

Хулиганството буквално излезе од контрола во Франција. Тоа јасно го покажа примерот од вечерашниот натпревар помеѓу Сент Етјен и Анже, чиј почеток беше одложен за еден час поради дивеењето на домашната публика.

Незадоволни од лошите резултати на својот тим, и од водството на тимот од страна на Клод Пауел, навивачите на Сент Етјен решија да ја земат правдата во свои раце.

Најпрво изработија транспаренти на трибините, на кои беа истакнати пораките: „Пуел, оставка“, „Управува оставка“, „Сакаме тим достоен за нашата публика“.

Полицијата очигледно не била подготвена за вакво нешто, иако тројцата лидери на навивачите истакнаа и транспарент пред вчерашната прес-конференција на кој пишуваше:

„Пуел, имаш 24 часа да поднесеш оставка.

Сепак, на навивачите на Сент Етјен не им беа доволни транспарентите. Кога играчите излегоа на теренот, голем број од нив влегоа на тревната површина на стадионот Шофро Гишар и запалија голем број димни бомби на теренот, кои направија огромна завеса, заедно со голем број факели, кои гореа на трибините, а потоа фрлени на теренот.

На органите на прогонот, но и на самите организатори им беше потребен еден час за да ги воспостават условите за нормално играње на натпреварот, со оглед на тоа што и мрежите на голот беа оштетени, па се мораше да се доведе во состојба на целосна нормалност.

Полицијата зазеде позиции пред трибините, па натпреварот конечно можеше да започне.

The post ВИДЕО: ХАОС на стадионот на Сент Етјен – Погледнете што направија хулиганите! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: