Спорт

Видео: Хрватска и Србија обезбедија виза за ЛОИ 2016 во Рио!

Србија и на Хрватска изборија пласман на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, откако станаа победници на турнирите во Белград, односно Торино.

србија

Србија во финалето на квалификацискиот турнир во Белград го декласира Порторико со 108-77 , а домашната селекција уште во првата четвртина оствари уверлива предност од 30 кошеви разлика, па остатокот од мечот беше само формалност.

Богдан Богдановиќ постигна 26 поени за Србија, а го следеше Никола Јокиќ со 23, додека Хуан Хозе Бареа со 22 кошеви беше најдобар кај Порторико.

На турнирот во Торино, хрватската селекција направи подвиг и на продолженија ја совлада домашната Италија со 84-78. Мечот во кој двете екипи речиси цело време беа тесна предност, но повеќе Хрватска, го реши продолжувањето кое гостите го добија со 14-8.

хрватска

Најпрецизен кај Хрватска беше Бојан Богдановиќ со 26 коша, Крунослав Симон со 21 поен речиси сите во второто полувреме, а за одбележување е и играта на Дарио Шариќ кој покрај 18 поени забележа и 13 скокови. Кај Италијанците, кои покажаа особена нервоза во нападот, светла точка беше Марко Белинели со 18 поени.

хрватска1

Покрај Хрватска и Србија, на кошаркарскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанерио, од 5-ти до 21-ви август, се пласираа домаќинот Бразил, САД, Шпанија, Литванија, Кина, Аргентина, Венецуела, Нигерија и Австралија, додека последниот патник ќе биде познат во неделата по мечот меѓу Канада и Франција со кој ќе заврши квалификацискиот турнир во Манила.

Финалето во Манила се игра во 03 часот по полноќ.

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=CApb5DgnvmE]

[youtube https://www.youtube.com/watch?v=64GeDsS9NvQ]

The post Видео: Хрватска и Србија обезбедија виза за ЛОИ 2016 во Рио! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Сподели: