(ВИДЕО) Јувентус нема ништо против Влаховиќ да си оди за 90 милиони – Еден клуб е заинтересиран!

Сподели

Loading

Српскиот репрезентативец и член на Јувентус, Душан Влаховиќ ќе ја напушти „старата дама“ доколку некој понуди 90 милиони евра следното лето.

Бројка која еден клуб треба да биде спремен да ја плати, под услов на крајот на сезоната да се најде меѓу четирите екипи во Премиер лигата и да избори пласман во Лигата на шампионите следната година.

Тоа е Њукасл. Италијанските медиуми пренесуваат дека „страчките“ би му платиле отштета на Јувентус од 90 милиони евра дури и да не се пласираат во Лигата на шампионите, но таквиот расплет на ситуацијата се уште виси во воздух.

Влаховиќ оваа сезона за Јувентус постигна 10 гола на 26 натпревари.

The post (ВИДЕО) Јувентус нема ништо против Влаховиќ да си оди за 90 милиони – Еден клуб е заинтересиран! first appeared on .

Powered by WPeMatico