ВИДЕО: Камерите го фатија Кристијано Роналдо во ниедно време – Сега се стана многу јасно!

Сподели

Во последните неколку недели се шпекулираше дека Кристијано Роналдо ќе го напушти Јувентус на крајот од сезоната.

Португалецот не сакаше да ги коментира гласините за напуштање на Торино, но со еден потег ги разбуди „духовите“ во Италија.

Камерите го фатија Роналдо како ги товари своите луксузни автомобили во камиони среде ноќ. Ова е јасен показател дека процесот на преселба од Торино започнал.

Италијанските медиуми јавуваат дека Португалецот полека ги спакува куферите и се сели на нова дестинација.

Роналдо има уште една година договор со Јувентус, но неговата годишна плата од 31 милион евра е огромен товар за буџетот на Старата дама, па клубот од Торино нема да му направи проблем доколку сака да ја смени средината.

36-годишниот фудбалски ас беше убедливо најдобар играч на Јувентус и оваа сезона, постигна 29 голови, но неговиот тим не се прослави.

Тие беа елиминирани на почетокот од нокаут фазата во Лигата на шампионите, и во моментов се наоѓаат на 5-та позиција во Серија А.

The post ВИДЕО: Камерите го фатија Кристијано Роналдо во ниедно време – Сега се стана многу јасно! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico