Спорт

(ВИДЕО) Кире му кажа збогум на играњето ракомет – Уживајте во мајсториите на македонскиот великан!

Сподели:

Најдобриот македонски ракометар, десниот бек на француски Нант, Кирил Лазаров денеска објави крај на играчката кариера.

,,Заминувам со гордо крената глава, играјќи за клубови-институции како Загреб, Веспрем, Сиудад Реал, Барселона, Нант. Клубови, градови и земји во кои престојував најмалку пет години, што ја покажува меѓусебната доверба што ја стекнав со луѓето со кои работев – напиша 42-годишниот Лазаров на Фејсбук.

Тој истакна дека му е особено драго што покрај обврските кон тие „ракометни институции“ имал време, желба и страст да биде во служба на македонската репрезентација.

,,Дури и еднаш да не исполнив нечии очекувања, 25 години и 13 големи натпреварувања со мала земја, секогаш аутсајдер против големите, секогаш со голема верба дека Давид може против Голијат, играјќи во петтата деценија од животот за својата земја, ми дава за право да ги гледам сите во очи – напиша Лазаров.

На прес-конференцијата со претседателот на Нант, Лазаров потврди дека ќе се занимава со тренерската професија и дека ќе остане селектор на репрезентацијата на Македонија.

,,Крајот на играчка кариера е само кратко збогување со ракометот. Мојот веќе започнат предизвик е тренерскиот повик и верувам дека овде заедно ќе се радуваме, ќе тагуваме и ќе се надградуваме, поместувајќи ги границите. Моето мото кое повторно ќе ме води ќе биде – СЕКОГАШ НА ПОБЕДА! – истакна Лазаров.

Кирил Лазаров рано почнал да се занимава со ракомет и од 13 години настапувал за младинскиот тим на нисколигашот Овче поле, а во 1997 година го потпишува својот прв сениорски договор со еден од најдобрите македонски клубови, битолскиот Пелистер.

The post (ВИДЕО) Кире му кажа збогум на играњето ракомет – Уживајте во мајсториите на македонскиот великан! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: