ВИДЕО: Класата е вечна – Ибрахимовиќ го постигна 400-от гол во кариерата!

Сподели

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ со голот против Рома го постигна својот 400-ти првенствен гол во кариерата.

Фото: Profimedia

Швеѓанецот итро шутираше од слободен удар и го измами живиот ѕид на Рома. Тој ја испрати топката пониско од очекуваното и со тоа го изненади противничкиот голман Руи Патрисио за водство на Милан.

Ибрахимовиќ го постигна првиот гол во октомври 1999 година во дресот на Малме.

Од тој број 150 постигна во Серија А во дресот на Јувентус, Интер и Милан во два мандати.

Погледнете го јубилејниот гол на легендарниот напаѓач…  

The post ВИДЕО: Класата е вечна – Ибрахимовиќ го постигна 400-от гол во кариерата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico