(ВИДЕО) Кремонезе нерешлива енигма за Рома – По купот, волчицата падна и во Серија А, Мурињо поцрвене!

Сподели

Loading

По цели 27 години пауза, дојде и тој ден, Кремонезе ја постигна првата победа во Серија А. Настрада Рома која загуби со 2-1 првпат по цели 30 години пауза од тимот од Кремона.

Историски ден за Кремонезите. Се вратија во Серија А за прв пат откако испаднаа во сезоната 1995/96. и дури сега забележаа победа дури во 24-тото коло.

Повторно, Кремонезе беше кобна за Рома. Прво ја победија во купот на Олимпико, а сега и во првенството на стадионот Џовани Зини.

Прво тоа ги чинеше трофеј, а сега може да ги чини и пласман во Лигата на шампионите, бидејќи Рома испадна од најдобрите четири.

Кремонезе поведе во 17. минута, а стрелец беше Франк Цаџут. Дека речиси ништо не и оди на Рома се виде веќе на почетокот на вториот дел, кога тренерот на гостите Жозе Мурињо доби црвен картон.

Спречен физички конфликт, Мурињо ги нападна судиите, па заработи исклучување.

Сепак, Рома успеа да израмни, а стрелец беше Спинацола во 71. минута. Сепак, тој гол не беше доволен ниту за бод, бидејќи во 83. минута Ибанес изведе пенал, а Чиофани беше сигурен од 11 метри.

Ова се најинтересните моменти од мечот…

The post (ВИДЕО) Кремонезе нерешлива енигма за Рома – По купот, волчицата падна и во Серија А, Мурињо поцрвене! first appeared on .

Powered by WPeMatico