Спорт

(ВИДЕО) Лудница во Труција – Ја фрли топката како камен од 25 метри и погоди за продолжетоци!

Сподели:

Loading

Веројатно најлудиот кошаркарски потег досега во 2024 година не доаѓа од НБА, туку од Турција.

Таму се играше натпреварот помеѓу домашниот Бахчешехир и евролигашот Фенербахче. Мечот замина во продолженија благодарение на лудата тројка со звукот на сирената од скоро цел терен.

Во хаотичната завршница, Фенербахче го имаше навидум последниот напад за победа, но домаќините ја одзедоа топката и погодија од контра за 96:93 на само 1,9 секунди до крајот.

На Фенер не му остана ништо друго освен да постигне кош од целиот терен, а Георгиос Папајанис го направи токму тоа.

Грчкиот претставник ја фрли топката преку рамо од околу 25 метри, а таа на запрепастување на сите помина низ обрачот „без коски“….

Овој неверојатен кош на Папајанис потсети на уште поголем шок предизвикан од тројката на Душан Кецман за освојување на АБА лигата во финалето против Цибона во Загреб Арена во 2010 година.

Но во оваа ситуација немаше контроверзи со преостанатата минутажа и кошот беше целосно чист.

Во продолжението шокираните домаќини не успеаја да ја добијат сензацијата до која беа толку блиску и Фенербахче на крајот победи со 110:105.

Фенер на тој начин го подобри својот рекорд во турската лига на 15-3. Само Ефес е подобар со 15-2 и натпревар помалку, а Бахчешехир е деветти со 7-11.

The post (ВИДЕО) Лудница во Труција – Ја фрли топката како камен од 25 метри и погоди за продолжетоци! first appeared on .

The post (ВИДЕО) Лудница во Труција – Ја фрли топката како камен од 25 метри и погоди за продолжетоци! appeared first on .

Powered by WPeMatico

Сподели: