Спорт

(ВИДЕО) Меси ,,банкротираше,, – Што прави аргентинецот кога не игра фудбал?

Сподели:

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси во својата богата кариера сними многу реклами, но овој пат отиде чекор понатаму и реши да се испроба како актер!

фото: PROFIMEDIA

Меси е ангажиран да глуми во серијата „Los Protectores“, која е добро позната во Аргентина, а чиј заплет се врти околу тројца поранешни фудбалери кои не успеале и банкротирале, а се обидуваат повторно да се издигнат.

Сцената во која се појавува Меси е веќе снимена, а снимката од сетот продуцентот ја сподели лично на социјалните мрежи.

Втората сезона од споменатата серија се снимаше на различни локации, меѓу кои и Буенос Аирес. Сепак, Меси го снимаше својот дел во својот дом во Париз минатото лето кога потпиша за ПСЖ.

Се се чува во строга тајност, а Меси како актер ќе имаме можност да го видиме на малите екрани дури во 2023 година.

Дотогаш ќе уживаме во неговите фудбалски вештини во Лига 1, Лигата на шампионите и Светското првенство.

The post (ВИДЕО) Меси ,,банкротираше,, – Што прави аргентинецот кога не игра фудбал? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: