(ВИДЕО) Меси се пофали со новиот изглед – Сите очи беа вперени во Аргентинецот!

Сподели

Лионел Меси со голот во 95. минута му ги донесе сите три бода на ПСЖ во дерби колото против Лил.

фото: PROFIMEDIA

Парижаните победија со 4:3 и го обезбедија првото место.

Официјално најдобриот светски фудбалер го означи почетокот и крајот на играта. Откако излезе на теренот, на многумина им падна во очи дека Меси го промени својот имиџ.

Поточно, Аргентинецот реши да се избричи и на тој начин да ја отстрани густата брада која ја носеше со години.

А крајот на натпреварот го означи со фантастичен гол од слободен удар.

Во 95. минута Меси ја испрати топката покрај живиот ѕид, а таа се одби од стативата и заврши во голот на гостите.

ПСЖ е прв на табелата во францускиот шампионат со 57 бодови, додека Лил е на шестата позиција со 41 бод.

The post (ВИДЕО) Меси се пофали со новиот изглед – Сите очи беа вперени во Аргентинецот! first appeared on .

Powered by WPeMatico