(Видео) Милан ја тресна Рома во дербито на колото на Сан Сиро!

Сподели

Многу важна победа за тимот на Милан во трката за пласман на местата кои следната сезона водат во европските клубски натпреварувања.

Милан на Сан Сиро ја победи Рома со 2-0 и го доби италијанското дерби на 28.коло од Калчото.

Стрелци на головите за Милан беа Ребиќ во 76 минута, а Чаланоглу од пенал во 89 минута стави точка на мечот. Па така сега Милан се приближи до позициите кои обезбедуваат пласман во европските натпреварувања следната сезона.

Со овие три бода Милан се израмни на табелата со Наполи со по 42 бода на 6-тото место, но наполитанците имаат меч помалку оној против Спал во ова коло.

Рома остана на 5-тото место со 48 бода и е со 9 бода помалку од четврттопласираната Аталанта која има 57.

Најверојатно битката за пласман во Лигата на шампионите е завршена, па така Јувентус, Лацио, Интер и Аталанта ќе играат следната сезона во најквалитетното европско фудбалско натпреваруње.

Борбата за местата кои водат во Лига Европа сеуште трае.

Инсерти од натпреварот….

The post (Видео) Милан ја тресна Рома во дербито на колото на Сан Сиро! appeared first on .

Powered by WPeMatico