(ВИДЕО) Неверојатниот Меси сам го победи ривалот – Погледнете ја петардата на ЛЕО!

Сподели

Аргентинските фудбалери и одличниот Лионел Меси во пријателски натпревар на неутрален терен во Шпанија, ја декласираа репрезентацијата на Естонија со убедливи 5:0 (2:0).

Беше тоа вистинско голгетерско шоу на Аргентинецот кој ги постигна сите пет гола за тимот на тренерот Лионел Скалони.

Првиот гол од пенал го постигна фантастичниот Меси во деветтата минута, а вториот гол го постигна во 45. минута.

До хет-трик стигна во 47. минута, а Меси во 72. минута зголеми на 4:0. Во 76. минута Аргентинецот ја заврши својата шоу програма.

За Меси ова беше втор пат во кариерата да постигне пет гола на еден натпревар.

Прв пат тоа го направи во дресот на Барселона против Баер Леверкузен…

The post (ВИДЕО) Неверојатниот Меси сам го победи ривалот – Погледнете ја петардата на ЛЕО! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico