ВИДЕО: Никој како Стеф Кари – Ѕвездата на Голден Стејт влезе во аналите на НБА лигата!

Сподели

Кошаркарите на Голден Стејт продолжија со добри партии и славеа против Чикаго Булс со 119:93 за 11-та победа во 12-от настап оваа сезона.

Стандардно, најдобар играч на натпреварот беше Стеф Кари, кој постигна 40 поени, имаше пет асистенции и четири скока.

Постигна девет тројки со што влезе во аналите на НБА лигата. Кари испиша нова историја во најсилната кошаркарска лига на светот и стана играч со најмногу погодени тројки досега вкупно 3359.

Кари со ова достигнување го надмина легендарниот Реј Ален кој остана на бројката од 3358 тројки во НБА кариерата.

The post ВИДЕО: Никој како Стеф Кари – Ѕвездата на Голден Стејт влезе во аналите на НБА лигата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico