ВИДЕО: Никој не слушнал за ова чудо од дете – Европските великани веќе се тепаат за неговиот потпис!

Сподели

Целосен анонимус во светот на фудбалот го привлече вниманието на европските великани преку ноќ, иако игра во пониските рангови на натпреварувањето.

Станува збор за фудбалер од Гана, Мизак Асанте (15), кој постигна неверојатен гол за својот клуб Golden Kick во финалето на плејофот од втората лига против тимот на Mobile Phones People.

Асанте, во стилот на Диего Марадона, исфрли од игра четири играчи, а потоа и голманот. Тој направи целосен хаос во противничката одбрана, а англиските медиуми се убедени дека овој гол ќе биде кандидат за наградата Пушкаш, која се доделува на стрелецот на најдобриот гол на крајот на годината.

Тие се особено заинтересирани за овој млад човек на островот бидејќи два клуба од Манчестер сериозно ги следат неговите игри.

Јунајтед и Сити ќе се обидат да го обезбедат потписот на Асанте, но и Јувентус е во трка да доведе млад фудбалер, па ќе биде интересно да се види каде играчот кој е иднината на фудбалот ќе ја продолжи кариерата.

– Гледам дека луѓето се шокирани од двата гола, но јас не сум изненаден бидејќи ова е нешто што го правам постојано. Го направив тоа на тренинзи, пријателски и официјални натпревари. Можете да најдете се на Јутјуб, но јасно ми е зошто луѓето што ме гледаат за прв пат се изненадени – изјави Асанте, кој е познат по неговиот фудбалски идол Килијан Мбапе.

И неговиот тренер, Џозеф Ептон, ги потврди приказните за интересот на клубовите од Европа

– Пред овој гол, испративме видео материјал од сите играчи во клубови од странство, но Асанте е единствениот фудбалер за кого добивме одговор. Се јавија Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Генк.

 

The post ВИДЕО: Никој не слушнал за ова чудо од дете – Европските великани веќе се тепаат за неговиот потпис! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico