(ВИДЕО) Нов циркуз на Ник Кирјос – Погледнете како дивееше во Хјустон!

Сподели

Контроверзниот Австралиец Ник Кирјос повторно се најде во центарот на вниманието поради своето однесување на тенискиот терен.

Кирјос беше поразен во полуфиналето на турнирот во Хјустон од Рајли Опелка (6:3, 7:5), а натпреварот го одбележа и дискусијата меѓу Австралиецот и судијата.

Во решавачкиот момент од вториот сет Кирјос ги загуби нервите, го навреди судијата, а потоа заработи и казнен поен кој го чинеше брејк.

На крајот се покажа дека токму овој момент беше клучен за исходот на овој натпревар.

Погледнете како Кирјос го „изгуби компасот“ …

Да потсетиме, Ник неодамна беше казнет со 35.000 долари за жестока кавга со судијата Карлос Бернардес во осминафиналето на Мајами.

На тој меч заработи казнен поен, но казнен гејм. Тој морал да плати пет илјади долари за пцовки, 10 илјади за неспортско однесување и уште 20 илјади за вербално малтретирање.

The post (ВИДЕО) Нов циркуз на Ник Кирјос – Погледнете како дивееше во Хјустон! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico