(ВИДЕО) Новак е подготвен за враќање на терените – Еве како ги воодушеви фановите!

Сподели

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ објави видео од Монте Карло каде се подготвува за стартот на турнирот во градот во кој има постојан престој.

Првата снимка од тренингот беше објавена денеска попладне, а на неа се гледа како Џоковиќ наизменично игра форхенд и бекхенд.

Заедно со снимките, Новак закачи и „емоџи“ со мавтање, како и натписот „тренинг“, на местото каде двапати беше подигнат пехарот наменет за победникот, во 2013 и 2015 година.

Имено, Новак во 2013 година ја прекина осумгодишната доминација на Рафаел Надал во Монте Карло и го победи Шпанецот во два сета.

Откако испадна од турнирот во Дубаи, Џоковиќ не настапи на турнејата во САД бидејќи не беше вакциниран против коронавирусот, па имаше доволно време да се подготви за големите турнири во Франција, вклучувајќи го и претстојниот Грен слем Ролан Гарос, каде што доби дозвола да настапува.

Одморот добро му дојде на Новак, со полни батерии, ќе почне да ги освојува турнирите низ Европа на земјена подлога.

The post (ВИДЕО) Новак е подготвен за враќање на терените – Еве како ги воодушеви фановите! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico