ВИДЕО: Одржани првите квалификации од новата 2021 сезона во Ф1 – Дознајте кој стигна до пол позицијата!

Сподели

Пилотот на Ред Бул рејсинг ф1 тимот, Макс Верстапен ќе стартува утре од пол позицијата на отворањето на новата 2021 сезона во Ф1 шампионатот што се вози за ГН на Бахраин на патеката Шакир.

Верстапен во последните секунди од квалификациите успеа да стигне до пол позицијата за него 4-та во кариерата, пред двоецот од Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас. 

Поредокот утре од стартиот грид до 10-тото место го комплетираат возачите Леклер од Ферари, Гасли од Алфа Таури, Рикардо и Норис од Мекларен, Сајнц од Ферари, Алонсо од Рено и Строл од Астон Мартин.

Трката за ГН на Бахраин на програмата е утре со почеток од 17 часот по македонско време.

Погледнете ги возбудувањата од квалификациите….

 

The post ВИДЕО: Одржани првите квалификации од новата 2021 сезона во Ф1 – Дознајте кој стигна до пол позицијата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico