Спорт

(ВИДЕО) Пред 2 години беше шампион на НБА, а сега ќе игра во Тајван каде имаше спектакуларен пречек!

Сподели:

Двајт Хауард пристигна во Тајван и таму ќе ја продолжи кошаркарската кариера, бидејќи ниту еден тим од НБА не сакаше да го ангажира.

фото: Facebook

Поранешниот НБА шампион со Лејкерс, јавно молеше и бараше шанса да игра, откако Лејкерси не сакаа да го продолжат договорот со него.

Бидејќи немаше други заинтересирани клубови, реши да замине на другиот крај на светот и да игра во Азија пред пензија.

Веднаш штом пристигна во новата земја, имаше спектакуларен пречек. На аеродромот се собраа стотици навивачи, а имаше и некои од неговите нови соиграчи од Таујан Леопард.

фото: CNA

,,Сите дојдоа да му посакаат добредојде. Околу 60.000 билети беа распродадени за 10 минути за неговите први четири натпревари. Тој ќе дебитира на 19 ноември“, се вели во извештајот на локалната телевизија „Тајван плус“.

Во овој тим играат уште двајца американски играчи. Дејонта Дејвис (25) кој беше член на Мемфис, Атланта и филијалата на Вориорс, како и Трој Вилијамс (27) кој играше за Мемфис, Хјустон, Никси и Сакраменто.

Хауард е познат во НБА по своите спектакуларни забивања и прекарот „Супермен“. Својот најголем успех го постигна со Лејкерс, освојувајќи ја титулата во 2020 година.

Беше осумкратен Ол-стар и во 2008 година шампион во забивање. Со репрезентацијата на САД освои злато од Олимписките игри во Пекинг (2008) и бронза од Светското првенство во Јапонија (2006).

The post (ВИДЕО) Пред 2 години беше шампион на НБА, а сега ќе игра во Тајван каде имаше спектакуларен пречек! first appeared on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: