ВИДЕО: Роналдо против Роналдо – Двете фудбалски легенди се сретнаа само еднаш во кариерата!

Сподели

Веќе две децении го гледаме португалецот Кристијано Роналдо на фудбалските терени, но бразилскиот Роналдо траеше многу пократко и вистинското прашање е каде ќе завршеше ако не беа тешките повреди на коленото што дефинитивно му ја скратија кариерата.

„Феноменот“ се збогуваше од фудбалот пред 10 години во 2011 година, токму кога Кристијано почна да го доживува врвот на својата кариера.

Во историјата само еднаш се сретнаа на терените и тоа во 2005 година на добротворен натпревар организиран од Луис Фиго.

Бразилецот беше далеку од своите најдобри денови, додека времето на португалскиот ас допрва доаѓаше. „Вистинскиот“ Роналдо тогаш беше светска ѕвезда, беше поискусен и не е чудно што целосно го засени тогашниот 20-годишен фудбалер на Манчестер Јунајтед.

Камерите успеаја да го овековечат моментот пред натпреварот кога се поздравија. Роналдо се смееше, додека Португалецот одговори со блага насмевка.

На теренот, Феноменот беше едноставно доминантен. Постигна два гола во победата на неговиот тим.

Го демонстрираше и познатиот „велосипед“, кој со години беше кошмар и за голманите и за дефанзивците….

 

The post ВИДЕО: Роналдо против Роналдо – Двете фудбалски легенди се сретнаа само еднаш во кариерата! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico