(ВИДЕО) Сакаше тепачка со Тајсон – Извади пиштол, а еве како реагираше ,,Челичниот,, Мајк!

Сподели

Легендарниот американски боксер Мајк Тајсон повторно се најде во центарот на вниманието.

фото: Profimedia

Американските медиуми го следат секој негов чекор.

Легендарниот боксер вчера бил на „stand up“ настап (ноќ на комедија), каде се случил инцидентот. Имено, американскиот TMZ објави видео на кое се гледа како маж се приближува до масата на Тајсон и се обидува да го предизвика на тепачка и упорно му кажува дека сака да се проба со него.

Еден од присутните го снимаше сето тоа, а Тајсон само седеше мирен и не дозволи да биде испровоциран. Организаторот интервенирал и му рекол на човекот да се смири.

По кратка дискусија меѓу организаторите и човекот кој го предизвика Тајсон на тепачка, работите се искомплицираа. Имено, мажот малку се оддалечил од Тајсон, но потоа ги шокирал сите кога извадил пиштол.

Присутните во ова кафуле биле шокирани кога виделе дека тој извадил пиштол, но набрзо успеал да се смири, го вратил пиштолот, а потоа Тајсон го повикал да му пријде.

Легендарниот боксер покажа каков џентлмен е бидејќи го прегрнал и му рекол дека се е во ред и дека не го обвинува што направил таков хаос.

По сето тоа, овој човек во придружба на обезбедувањето на ова кафуле, конечно го напуштил локалот, по што сите можеле да се опуштат.

The post (ВИДЕО) Сакаше тепачка со Тајсон – Извади пиштол, а еве како реагираше ,,Челичниот,, Мајк! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico